Peugeot Boxer 4×4 » Бокс-меч со природата

Бокс-меч со природата

Со својот најнов концепт Peugeot реши да ја испровоцира природата и да влезе во бокс-меч со неа

Објавено на 27 септември 2019 година

Peugeot го избра Le Bourget саемот во Франција како место за промоција на концептот на Boxer со 4×4 погон. Базиран е на L3 верзијата ова доставно возило од кое се разликува по пластичните заштитни елементи на екстериерот, тркалата со теренски BFGoodrich пневматици, зголемениот клиренс за 30 mm напред и 50 назад, другата маска, багажникот на покровот на кој се наоѓа кану, ЛЕД модулите над ветробранското стакло, како и со eBike електричниот велосипед сместен на задниот дел на возилото. Внатрешноста е поделена на четири зони – дел за возачот, кујна, простор за спиење и тоалет. Во неа се среќаваат елементи од рециклирана пластика, 9-инчен Alpine инфо-забавен систем со Waze навигација, Android Auto, Apple CarPlay и блутут. Моторот е BlueHDi дизел со 165 KS и 370 Nm вртежен момент, а менувач шестстепен мануелен.

Le Bourget саемот е наменет за камперите и љубителите на возилата за рекреација и ќе се одржи во Париз од утре до 6 октомври.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER