Тандем со лидерски квалитети

објавено 06 октомври 2020

Европскиот пазар е најпробирлив на планетата, а кога некој е на врвот на сегментот тогаш тоа треба да се гледа со голема почит. Таков е случајот со компактните спортско-корисни возила 3008 и 5008 кои заедно бележат 1,1 милиони примероци од кога се на пазарот. Нешто помалиот 3008, бидејќи е подолго присутен, прокнижи 800.000 додека седумседот 5008 по четири години комерцијализација бележи се подобри резултати. Не случајно во исто време двата се подвргнати на темелен редизајн нагласувајќи ја доминацијата не само во изгледот и во технолошките решенија туку и во сегментот воопшто. Дизајнерскиот јазик на Peugeot изразува силна атрактивност нагласена со емоциите, смели решенија и силна персоналност. Сето тоа е засилено со функционалноста на внатрешниот простор каде, покрај ергономијата владее удобноста и силниот технолошки впечаток.

Двата новитети, и 3008 и 5008 иако се разликуваат по димензиите и капацитетот на патници, скоро се идентични во изгледот. Тие добија нова интерпретација на слобода и поврзаност што се потврдува преку новата маска на ладилникот чија форма е слободна. Таа флуктуира на предницата без никакви граничници и рамки симболизирајќи го модерниот стајлинг кој слободно навлегува во сите смерови. Впечатокот на недефинираност на формата навлегува околу светлосните групи и ги обединува сите елементи кои ја формираат предницата. На целата слика придонесуваат рестилизираните фарови за да се зголеми агресивниот потпис. На задниот дел пак не се менувани дефинираните форми, само се истакнуваат нагласените отпечатоци на лавја канџа персонифицирани преку стоп светлата. Ваквиот приод даде сосема нов потпис на целината.

Во интериерот применета е проверената конективна технологија додека возачите на двата модели уживаат во тридимензионалниот i-Cocpit. Сосема очекувано е кај поголемиот 5008 на централната конзола да доминира 10 инчен монитор со висока дефиниција. Поради поголемите димензии има капацитет да прими седум патници, а преклопливите седишта од третиот ред се во подот од багажникот. Покрај дизајнот и опременоста се уште силна улога игра моторизацијата која е богата. Повеќе од јасно е дека времето на дизелите не е поминато. Нив во понудата ги има преку популарниот четири цилиндерски 1,5 литрен BlueHDi впарен со осум степена автоматска трансмисија. Бензинците ги застапуваат трицилндерскиот 1,2 Pure Tech so 130 коњи и со еден цилиндер повеќе 1,6 PureTech со 180 коњи. И двата може да се добијат со автоматиката како кај дизелот. Електрификацијата игра пресудна улога кај сите модерни производители, а Peugeot е еден од нив. На самиот почеток понудени се две изведби со плаг-ин хибридни системи. Базирани се модуларната платформа ЕМР2 имаат мулти линк потпирање на задната оска кое креира одличен баланс помеѓу комфорот и возните својства. HYBRID4 300 e е верзијата со погон на сите тркала со електрична автономија од 59 километри. Синергијата на работата на електро моторите и  моторот на внатрешно согорување испорачуваат 200 КС. Погонот на сите тркала е можен и во потполно електричен модус на работа бидејќи има два електро мотори сместени напред и на задната оска. Посилната верзија има 225 КС и погон само на предните тркала. Тоа е тандем на PureTech бензинец од 180 коњи и електричен мотор впарен со осум степената автоматска менувачка кутија. Литиум јонската батерија од  13.2 kWh е достапна со две стандардни солуции на полнење со 3,7 киловатен полнач како стандарден и опционалниот од 7,4 kW кој е способен да ја наполни батеријата на стандарден приклучок за 7 часа. Македонската премиера ја очекуваме во почетокот на 2021 кога ќе се знаат и цените.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER