Автомобил на годината 2020-тата во Европа
Најпосакуваната награда што некој автомобил може да ја добие, годинава ја освои Peugeot 208
Објавено на 3 март 2020 година
Европското жири составено од 60 специјализирани новинари од 23 земји го прогласи Peugeot 208 за автомобил на годината 2020-та. Францускиот субкомпакт кој има и електрична верзија до титулата дојде со 281 бод. Максимален број бодови му доделија 17 члена на жирито, а исто толку се одлучија и за Tesla Model 3. Тој сепак вкупно освои 242 бода доволни само за второто место, додека зад него со 20 бода помалку се пласираше исто така електричниот Porsche Taycan. Останатите финалисти во изборот за автомобил на годината во Европа беа Renault Clio (211 бод), Ford Puma (209), Toyota Corolla (152) и BMW серија 1 (133).
Во 57-годишната историја на изборот ова е шеста награда за Peugeot. Три години претходно нејзин носител беше 3008, а прв нејзин освојувач беше легендарниот 504 во 1969 година.



