Peugeot » Силен старт на електричниот 208

Силен старт на електричниот 208

Дури 25 отсто од нарачките за новиот 208 се за неговата електрична верзија

Објавено на 9 октомври 2019 година

Пред некој ден Peugeot започна со продажбата на сосема новиот 208 и веќе собра 40.000 нарачки. Според очекуваното првите сигнали за успешноста се силни, но изненади интересот за неговата електрична верзија. Купувачите во Европа како да чекаа токму ваков модел, бидејќи дури 25 проценти од нив без размислување уплатија по 3.500 евра депозит. Колку е ветувачки ваквиот интерес сведочат предвидувањата на челниците на PSA дека е-208 ќе учествува во вкупниот волумен со 10 отсто. Тие сепак се воздржани велејќи дека е прерано да се донесуваат заклучоци со кои ќе се очекува многу поголема продажба на електричниот 208 од планираната. Но истовремено се согласуваат дека од сегашен аспект реално би било да освои двоцифрен 20 проценти од купувачите на новиот француски субкомпакт. Тој располага со батерии од 50 киловат-часа кои му овозможуваат автономија од 340 километри. Електромоторот од 136 коњски сили и 260 њутн-метри го забрзува до 100 километри на час за 8,1 секунда. Цената во Франција му изнесува 32.100 евра.

Peugeot планира годишно да произведува по 300.000 примероци од новиот 208 во своите фабрики во Словачка и Мароко.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER