Opel се враќа во Јапонија
Извозната офанзива на Opel продолжува со враќањето на јапонскиот пазар
Објавено на 19 февруари 2020 година
Opel ќе ја продолжи својата извозна офанзива со враќањето на важниот јапонски пазар. Почнувајќи од наредната година, марката во својот прв налет ќе лансира три модели – Corsa која таму може да има и друг назив, мултифункционалниот Combo Life и компактниот SUV Grandland X. Останатите модели ќе бидат лансирани подоцна. „Јапонскиот пазар на автомобили е еден од најголемите во светот, а Opel има одлична репутација како германска марка. Заради тоа нашето враќање во Јапонија е доста важен чекор кон зголемување на профитабилноста преку извозот”, рече генералниот директор на Opel Михаел Лохшелер.
Групата PSA во Јапонија е присутна со марките Peugeot, Citroen и DS и лани продаде 15.600 возила.


