Opel Vivaro-e » Viva Electrification!

Top News Новитети

Viva Electrification!

Opel продолжи со електрификацијата како што вети – наредниот ваков модел од марката е Vivaro

Објавено на 30 април 2020 година

Vivaro-e е првото електрично комерцијално возило од Opel кое пристигнува на пазарот токму кога испораката на стоки и услуги без емисии станува неопходност во многу области. Достапен во три должини и со многу варијанти на каросерија, новиот електричен Vivaro-e им овозможува на професионалците да имаат корист од бескомпромисната нулта емисија, мобилноста од врата до врата и солидната автономија. Нарачките за него ќе започнат да се примаат ова лето, а првите испораки ќе бидат пред крајот на годината.

Разновиден и флексибилен како и секој друг Vivaro, овој модел има носивост од 1.275 килограми. Купувачите ќе можат да бираат помеѓу две големини на литиум-јонските батерии, во зависност од нивните потреби – од 75 kWh кои овозможува автономија до 330 km, или за оние кои имаат помалку интензивно секојдневно користење на возилото од 50 kWh и автономија до 230 километри. Батериите се спакувани под просторот за товарање на таков начин што не ја загрозуваат неговата употребливост. Софистицираниот регенеративен систем на сопирање кој ја обновува енергијата од сопирањето дополнително ја зголемува ефикасноста. Со 136 KS, електричниот погонски систем на Vivaro-е нуди повисоки перформанси од повеќето електрични комерцијални возила. Исполнувајќи ја до совршенство улогата на сигурен партнер за големи и мали флоти, занаетчии и деловни активности, Vivaro-e е лесен за полнење како и за употреба.

Следниот електричен Opel ќе биде Combo-e, кој ќе пристигне во 2021 година. Opel ќе понуди електрифицирана верзија на секој свој модел до 2024 година.

 

клучни зборови: ,