OPEL REKORD D : Во пресрет на реденденот

насловна Фото

Милионска приказна

Дојде тивко и влезе меѓу легендите

објавено 09. октомври 2021

Иако долго време не се произведува Rekord како модел постави нови вредности и смерови за компанијата од Руселсхајм. Со серијата D која се призведе во повеќе од 1,1 милион примероци Opel профитира повеќекратно обезбедувајќи си солидно место на пазаот на лимузини од средно-високата класа. Од него излегоа уште неколку успешни деривати а ќе биде забележан како прв патнички модел на Opel со дизел мотор. Во почетокот на 70-те години на минатиот век имаше 60 КС и беше добро прифатен. За разлика од изведбите со бензински, онаа со дизел имаше извишена профилирана хауба бидејќи дизел моторот од 2,1 литар бил повисок. Rekord D во производство се одржа пет години до 1977, кога на сцена стапи последната генерација на оваа лимузина.