Opel Mokka (со видео) » Започнаа финалните тестирања

Видео

Започнаа финалните тестирања

После две ипол години развој Opel го стави во функција електричниот погон на новата Mokka, која веќе ги помина првите тест километри

Објавено на 22 мај 2020 година

Сé уште камуфлирана, идната генерација на Opel Mokka треба да започне да се произведува пред крајот на годинава. Дотогаш инженерите ќе имаат задача да ги потврдат нејзините иновативни технологии. За нив засега нема многу информации, но најбитното се знае – уште од самиот почеток на продажбата новата Mokka ќе биде електрична. Поставена е на заедничката модуларна платформа која обезбедува користење и на мотори со внатрешно согорување. Ниското тежиште треба да придонесе за динамиката во возењето, а компактните димензии за секојдневната практичност во градски услови. Дизајнот може да се наслути дека ќе биде моќен, за што своја улога ќе има и благо спуштениот заден дел. Елегантноста треба да ја обезбедат типичните за марката црти кои ги среќаваме кај другите модели. Во тоа се вклопуваат и јасните пропорции со кратки превиси на каросеријата, целосно усогласени со дизајнерскиот јазик што го негуваат Германците. Тие за внатрешноста кажуваат дека ќе биде дигитална и изведена во минималистички стил. Изненадувањата не се исклучени бидејќи раководството на Opel од овој модел очекува да ја промени перцепцијата на купувачите за брендот. Првите испораки на новата Mokka која ќе ја нема додавката X во ознаката се предвидени за почетокот на идната година. За цените сé уште не се зборува.

Видео

клучни зборови: ,