Opel Kadett E прослави 40 години (2*видеа)

Шампион на своето време

Последната генерација на Opel Kadett прослави 40 години. Овој автомобил во многу што беше напреден дотолку што кога се појави Astra како негов наследник сите се прашуваа зошто Opel го нарече со старото име. Најмногу се истакнуваше по аеродинамиката – со сензационалниот коефициент на отпор на воздухот од 0,32 а кај спортскиот GSi и 0,30, беше шампион на своето време. Затоа и освојувањето на златниот волан и титулата автомобил на годината никого не изненади.

Неговиот развој започна 1979 година, токму во моментите кога се појави првиот Kadett со погон на предните тркала – уште тогаш Opel започна да собира идеи за потенцијалниот наследник. Имаше доволно време да ги разработи, заради што и резултатот беше одличен. Неговата каросерија маѓепсуваше со атрактивниот дизајн а техниката беше доведена до совршенство – прототипите поминаа вкупно 6,5 милиони километри во тестните центри, тркачките патеки и во екстремни временски услови на северот на Европа и пустинските подрачја на САД. Во неговиот развој беа вложени 1,5 милијарди германски марки.

Беше достапен во повеќе варијанти – како хечбек со три и пет врати, караван исто така со три или пет врати, седан со четири и најатрактивната изведба кабриолетот кој го произведуваше Bertone. Моторната понуда беше широкограда – уште на стартот на купувачите им беше на располагање со повеќе погонски единици со моќност меѓу 54 и 115 коњски сили, меѓу кои и дизел. Најмногу емоции сепак предизвикуваше GSi верзијата со своите 150 коњи која се појави малку подоцна. Се произведуваше до 1991 година (кабриолетот до ’93-тата) а вкупно беа направени скоро 3,8 милиони примероци.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER