Opel Insignia на годишен тест во Авто Магазин

Opel Insignia на годишен тест во Авто Магазин

Неодамна од Руселсхајм, од тест возењето на Opel Combo Life, се вративме со уште една пријатна вест
Објавено на 21 септември 2018 година
автор: Крумислав Барзов

Opel Insignia е лансирана пред една ипол година и се покажа како достоен автомобил од средната класа. Уште при првата средба „руселхајмскиот гром“ нé погоди во срцето. Посебно сме горди што на нашата редакција и е доверен годишен тест на оваа лимузина. Клучевите ни беа врачени од потпретседателот на Opel задолжен за дизајн Марк Адамс, кој не го криеше својот ентузијазам дека најмаркантниот модел на марката ќе биде во фокусот на вниманието на македонските купувачи. Нашиот прв впечаток е дека за фер цена се добива извонредно опремено возило кое според техничките остварувања може да се смета за достоен предизвикувач на германските премиум претставници. Засега може да зборуваме само за впечатоците што ги имавме на првото тест возење, а наскоро, со пристигнувањето во Македонија, ќе може да ги потврдиме и надградиме.

Уште при првата средба новата Insignia нé маѓепса со опременоста и динамичниот изглед, а поради нејзината боја – бела перла металик, го заработи својот прекар Бисера. Опремена е со дволитарски дизел мотор со 170 коњски сили, осумстепен автоматски менувач и повеќе од солиден пакет опрема.

 Opel Insignia

Со подобрувањата што Insignia ги има во однос на првата генерација се запознавме за време на првото тест возење на минатата година, веднаш по нејзината светска премиера на салонот во Женева

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER