Opel Grandland – „Златен управувач 2024“

При првото возење кое го направивме пред неколку седмици во Руселсхајм заклучивме дека новиот Opel Grandland е производ со посебни квалитети. Делејќи ја основата со останатите по големина модели на групацијата Stellantis, тој сепак ја задржа препознатливоста на марката. Електричната верзија и онаа со благ хибрид во комбинација со смелиот и елегантен дизајн се препознатливи.

Првото важно признание за атрибутите на Opel Grandland пристигна од AUTO BILD и BILD am SONNTAG кои го наградија неговиот иновативен дух со титулата „Златен управувач 2024“ во категорија како најдобро возило со цена до 50.000 евра. „Новиот Opel Grandland веќе ја носи автомобилската иднина на патиштата. Тоа е првиот Opel на BEV-native платформа. Ова овозможува возење без емисии во комбинација со одлична удобност. Овој спој во комбинација со смелиот и елегантен дизајн на Opel е исклучителен.

Воодушевени сме што AUTO BILD и BILD am SONNTAG го наградија овој иновативен дух со Златен управувач“, рече извршниот директор на Opel, Флориан Хутл, на церемонијата на доделување награди во Axel Springer Haus во Берлин. „Opel Grandland освојува со својот уникатен дизајн и модерен кокпит. И тоа покажува колку е важно денес на клиентите да им се даде слобода при изборот на нивниот погон. Без разлика дали е hybrid, plug-in hybrid или целосно електричен – секој ќе ја најде вистинската верзија“, изјави Robin Hornig, главен уредник на AUTO BILD. За Руселсхајмската молња ова е 21-во признание „Златен управувач“ кое го добива  за своите модели. Повеќе за Opel Grandland можете да прочитате во неодамна направениот тест на следните линкови:

Возевме – Opel Grandland Electric

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER