Opel Frontera – Светска премиера

Во пресрет на 125-тиот роденден, Opel во Истанбул официјално ја претстави новата Frontera со електричен и хибриден погон

Пред неколку недели Opel го најави лансирањето на својот компактен кросовер. Во Истанбул, Извршниот директор на Opel, Флориан Хутл, заедно со Марк Адамс, Потпретседател за дизајн и Тобиас А. Губиц, Потпретседател за производи и цени, ја претставија новата Opel Frontera пред меѓународната публика.

Според објавените цени Opel Frontera ќе биде високо конкурентен производ на пазарот. Во Германија Frontera Electric ќе биде достапна за околу 29.000 евра, додека Frontera Hybrid со технологија од 48 волти ќе се продава за околу 24.000 евра. Со 4,38 метри, должината на Frontera не е голема како првото теренско возила на Opel актуелно  помеѓу 1991 и 2004 година но, од друга страна, доби елеганција, со внимателно обликувано тело и стилски изглед на каросеријата.

Покрај конвенционалните погони, Opel нуди чисто електрична Frontera, за која ќе има две верзии и автономија до 400 километри. Првата има батерија од 44 kWh и помал мотор од 113 КС. Знаменосец е изведбата од 156 КС и конфигурација на батеријата од 54 kWh. Постои и хибридна верзија чиј 1,2 литарски турбо бензински мотор е достапен во две излезни нивоа, со 74 kW и со 100 kW. Електричниот мотор произведува 21 kW, а силата се пренесува преку шест степен менувач со двојна спојка така што потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се значително помали во споредба со модел со конвенционален погон.

Како и многу други модерни автомобили, кабината на новата Фронтера има минималистички дизајн, но задржани се и физички копчиња. Дигиталната табла со инструменти и инфозабавниот дисплеј се протегнуваат на 10 инчи. Opel Frontera ќе нуди 460 литри простор во багажникот или 1.600 литри со соборена задна клупа. Најавено е дека дел од дополнителната опременост ќе се нуди и багажник за покрив. Дефинитивно е потврдено дека ќе се нуди и со три реда седишта.

Покрај Hybrid, Frontera ќе биде достапна и со 1.2 турбо мотор од 136 КС. Новата Frontera наскоро ќе биде првиот модел на Opel којшто ќе може да се нарача дигитално преку т.н. „one-scroll-искуство“. Во иднина, потенцијалните клеинти ќе можат да го купат возилото онлајн, од удобноста на нивниот дом или како ѝ до сега, со посета на нивниот увозник или овластен дилер во регионот. Регионалниот импортер Еуроимпекс го најавува пристигнувањето на Opel Frontera во Македонија во септември кога ќе бидат познати и официјалните цени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER