Opel Crossland – Нема веќе Х

насловна Новитети

Практичен и спортски

Промените во Opel покажуваат дека традиционалното лесно се трансформира во модерно

Објавено 09 октомври 2020

Оваа година Opel ја запиша во својата историја како особено продуктивна. Прво ја лансира новата Corsa и нејзината електрична верзија, потоа ја освежи Insignia, пред десетина дена ја лансира Mokka а сега го претстави новиот Crossland кој е уште едно кул спортско-корисно возило со гром на маската. Заедничко со Мокка, осем откажувањето на придавката Х е новото лице што ги интегрира маската на ладилникот и фаровите наречено Vizor кој ќе се примени во сите идни модели на ”громот од Руселсхајм”. Ако треба со неколку зборови да се опише Crossland тогаш неизбежно е да се употребат интригантен, просторен, интелигентно опремен и, секако, еколошки рационален. Каросеријата е стокмена да биде функционалана и шик. Тоа најдобро се гледа во можноста да биде биколорна, со панорамски покрив или пак покривот да има носечки шини. Дневните LED светла се дел от стандардната опрема додека како опција се нудат одличното Inelilux осветлување. Крос-оверската каросерија има високо ниво на флексибилност, благодарение на индивидуалните лизгачки и лежечки задни седишта кои се лизгаат до 150 милиметри, зголемувајќи го просторот на багажникот од 410 на 520 литри. Opel секогаш важел за бренд ориентиран кон возачите и нивните желби за динамичност. Новиот Crossland има подобрено подвозје со класичната комбинација, Макферсон на предните тркала и торзиона оска на задните, како и нов тип на пружини и амортизери. Згора на тоа опционално се нуди IntelliGrip прилагодлив систем со пет електронски режими предвидени за возење на разни подлоги. Покрај забавата во возењето за патниците се наменети конективни технологии преку палетата на инфо-забавни системи кои се состојат од Radio BT, Multimedia Radio и врвниот Multimedia Navi Pro со 8 инчен екран на допир во боја. Мултимедијалните единици се исто така компатибилни со Apple CarPlay и Android Auto. Компатибилните паметни телефони се полнат додека се користат преку безжично индуктивно полнење. Покрај тоа, Crossland ја нуди услугата „OpelConnect“ како опција. Што се однесува на моторизацијата понудени се три бензински три цилиндерски мотори од 1,2 литри. Основниот има 83 КС и е атмосферски додека другите два имаат турбо полначи и се со 110 и 130 КС. И дизелите се турбаши со зафатнина од 1,5 литри со сила од 110 и 120 коњи. За најсилните верзии предвидена е комбинација со шест степена автоматика додека сериски се исто толку мануелни преноси. Само најслабиот мотор има пет степен рачен менувач. Овие мотори го задоволовуваат стандардот на емисија на штетни гасови Euro 6d. Почетокот на продажбата е закажан за почетокот на 2021 година.