Opel Corsa 2020 :: Тестирањата завршија (со видео)

Тестирањата завршија (со видео)

Opel се пофали дека тестирањата на новата Corsa завршиле

објавено на 7 мај 2019 година

Ние како дел од мала група избрани новинари веќе имавме прилика први во светот да се запознаеме со Opel Corsa. Но заради ембаргото за објавување вашата љубопитност ќе мора да ја задоволиме само со она што јавно се знае. Според официјалните информации нарачките за новата Corsa ќе започнат да се примаат летово, а првите испораки се предвидени за есенва. Автомобилот долг 406 сантиметри е поставен на платформа од француската PSA групација, која ќе го направи за 10 отсто полесен. Во понуда ќе биде само во варијанта со 5 врати. Гамата мотори ќе ги опфаќа и најновите турбо бензинци, а подоцна ќе биде понудена и електрична верзија со автономија од околу 350 километри. Нема да недостигаат ниту други напредни технологии, меѓу кои и адаптивните ЛЕД-светла.

Својата кариера Opel Corsa ја започна во 1982 година и досега од неа се направени 13,6 милиони примероци.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER