Opel Corsa ја освои AutoBest 2020 титулата (со видео)

AutoBest Видео Занимливости Новитети

Opel Corsa ја освои AutoBest 2020 титулата

Објавено на 16 декември 2019 година

Најголемото независно автомобилско жири во Европа составено од 31 член од исто толку земји кои претставуваат повеќе од 95% од европската популација, на Opel Corsa и ја додели титулата AutoBest 2020, прогласувајќи ја за Best Buy Car of Europe, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена. Со вкупно 17.617 поени, новата Corsa го освои првото место за само 157 поени пред новата генерација на Peugeot 208. Во проценти изразено, од вкупниот број распределени поени во финалето, разликата претставува само 0,2%. Škoda Kamiq се најде на третото место со вкупно 16.848 поени, само 612 поени помалку од новиот 208. Во вкупното рангирање следат Renault Clio и Nissan Juke. Деталните резултати се наведени во Final Ranking секцијата на веб-страницата на AutoBest, www.autobest.org.

„Финалето беше многу избалансирано. Сите финалисти се одлични примери за она што денес е ‘најдобар автомобил за купување’ на нашиот континент. Мисијата на жирито не беше лесна, а разликата на подиумот е многу мала. Но, во секое натпреварување мора да има победник, а тоа е новата Opel Corsa, Best Buy Car of Europe“, рече Илиа Селиктар, претседател на жирито. На тоа, Дан Варди, основач и претседавач на AutoBest, додаде: „Минатата година, на AutoBest рековме дека следниот Best Buy Car of Europe ќе биде електрифициран брилијантен нов производ. Точно тоа се случи, а новата Opel Corsa е совршен пример за електрификација за масите. Благодарение на мулти-енергетската платформа, новата Corsa им се обраќа на сите во Европа, нудејќи верзии и со мотори со внатрешно согорување и со електропогон. Нашиот AutoBest победник е првиот автомобил во нашата историја кој започна да ја гради врската помеѓу сегашноста и утрешнината, помеѓу класичните и напредните погонски решенија и технологии. Новата Corsa е првиот пример на демократизацијата на иднината на електричната мобилност, правејќи луѓето во Европа да ја прифатат иднината како следна нормалност“.

Оваа година Final 5 тестовите се одржаа на познатата F1 патека Istanbul City Park и околните патишта. Тоа беше најсложениот и најрелевантен пакет тестови досега направени во историјата на AutoBest. Погледнете го видеото од таму.

Видео