Opel Combo – Работник со манекенско лице

Комбињата се важен дел од портфолиото на Opel, а Combo доби секси предница и модерни погони.

Офанзивата на групацијата Stellantis во полето на комерцијални возила ја предводи Combo. Овој потег има симболично значење, бидејќи на чело на колоната, сочинета од четири ветерани, е громоносецот, Opel Combo.

Тој ги дели гените со Citroen Berlingo, Peugeot Partner, Fiat Doblo и Toyota ProAce City, но, од нив, го одвојува впечатокот што го остава. Да, Combo го доби препознатливото лице за патничката линија модели од Руселсхајм и сега е накитен со Opel Vizor.

Тоа значи дека има потенки фарови, опционално достапни Intelli-Lux LED Matrix светла што е технологија за прв пат достапна во компактно комбе и предница која подеднакво привлекува погледи, како што привлекува целата патничка линија на Opel. Тука завршуваат надградбите на надворешноста, при што остатокот од каросеријата се пренесува од претходната верзија.

Како и со сите останати модели од групацијата Stellantis во сегментот на компактните комбиња, Opel Combo е достапен во стандардна и долга каросериска изведба. Разлика е во тоа што патничката верзија нуди, покрај останатите, потполно електричен погон, додека товарната каросерија е достапна со бензински и дизел погонски единици. Обврнато е доволно внимание во интериерот за да ја добие модерната нота како и надворешноста.

Новата 10 инчна дигитална група инструменти зад редизајнираниот волан е комбинирана со потенок 10 инчен екран на допир за инфозабава. Дигиталниот кокпит работи на Snapdragon Cockpit платформи од Qualcomm Technologies и ги поддржува најновите функции за поврзување. Безбедноста е исто така надградена со Dynamic Surround Vision со двојна камера и до 18 достапни системи за асистенција на возачот и опционална адаптивна контрола на возењето.

Новиот Opel Combo може да се добие со две или три седишта напред, додека верзијата со пет седишта, Crew Cab, е достапна и наменета за професионалци кои сакаат да превезуваат повеќе луѓе. Во зависност од каросеријата, комбето нуди до 4.400 литри товарен простор. Во електричната изведба има носивост од 780 кг и можност да влече 750 кг. Opel Combo Electric доаѓа со мотор кој произведува 136 КС и 270 Nm вртежен момент, кој ја добива енергијата од батерии од 50 kWh.

Иако тие спецификации се идентични со неговиот претходник, опсегот на WLTP е зголемен на 320 км благодарение на додавањето топлинска пумпа и промените во системот за регенеративно сопирање. Понудата на погони ќе ги вклучи бензинските и дизел моторите, најверојатно со 1.2 PureTech и 1.5 BlueHDi. Бензинот ќе биде исклучиво достапен со мануелен менувач, додека дизелот ќе може да се добие и со автоматски менувач.

Пазарното лансирање на фејслифтираните Opel Combo и Combo Electric е закажано пред крајот на годината. Најверојатно наскоро ќе биде миниванот Combo Life, кој е само електрична патничка верзија на комбето.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER