Лесно и едноставно
Во новата Astra се применува нов пристап кон конективните системи
Покрај впечатливиот монументален изглед и широка палета на моторизација, новата Astra е опремена со технологии што го поедноставуваат искуството на престој во кабината. Само два збора се потребни за да се активира инфозабавниот систем чие мото „Детокс до максимум“ најавува борба против каква било форма на дигитален стрес. Со изговарање на „Еј, Opel“ во функција се пушта новото природно препознавање на глас со кое може да се контролира целиот инфозабавен систем од најновата генерација. Opel постојано ја следи филозофијата за максимална удобност со минимално одвлекување на вниманието. Тука се вклопува уникатниот cockpit Pure Panel со својата интуитивна оперативност, како што е веќе достапен во моделите Mokka и Grandland. Сега производителот од Rüsselsheim ја започнува следната фаза на дигитализација.
Инфозабавниот систем ги препознава возачите или патниците по нивниот паметен телефон, па така, различни луѓе можат да ги активираат своите индивидуални поставки со допир на екранот. Ажурирањата на мапите се исто така достапни „Over the air“. Практичноста за изведбата со приклучен хибрид ја истакнува апликацијата MyOpel која овозможува да се активирааат времето на полнење или претходно избраната температура во внатрешноста за Astra Hybrid преку паметниот телефон. Opel постојано ќе го развива уникатниот HMI (Human Machine Interface) со целосно мрежниот Pure Panel, дигиталната детоксикација и интуитивното работење во корист на своите клиенти. Германците како дел од Stellantis имаат пристап до врвни технологии од матичната компанија кои и понатаму ќе се усовршуваат со цел да се постигне што по едноставно користење на сите системи, а со тоа и по пријатен престој во возилата.