Специјална акција за возила од залиха
Од 300 до 500 евра попуст во зависност од моделот
објавено на 24.07.2020
Веќе се помиривме дека летните одмори ќе ги поминеме во Македонија. Акцијата на Opel овозможува да ја запознаеме нашата убава татковина со нов автомобил. Опел Македонија подготви, покрај постојните акциски цени за одделни модели, дополнителен попуст за сите возила од залиха од 300 до 500 евра, во зависност од моделот на автомобилот. Со одличната специјална акција за возилата од залиха Opel на сите свои клиенти им овозможува да дојдат до новите модели на Opel по пристапни цени и да уживаат во удобното и безбедно возење што го нудат. Стилизирани, иновативни и динамични – вообичаени карактеристики на сите модели на Opel, а идните клиенти сега можат по одлични цени се решат за своето домашно милениче.Бидејќи станува збор за автомобили кои се веќе на залиха, на клиентите на Opel возилата им се достапни веднаш. Оваа специјална акција ќе трае додека постојат залихи. Контактирајте го најблискиот партнер на Opel за сите детали за понудата, специфичните цени и понудите.


