Opel Македонија со посебна понуда :: Grandland X за SUV шампионите

Македонија Новитети

Grandland X за SUV шампионите

Атрактивна акција за сите љубители на Opel

објавено на 15 мај 2019 година

Opel специјално за Македонија подготви посебна понуда за SUV шампионот Grandland X – овој модел со бензински турбо мотор со 130 коњски сили, мануелен менувач со шест степени и две години гаранција сега е достапен за 20.990 евра. Големиот, простран, удобен, практичен, модерен и богато опремен Grandland X ги задоволува сите потреби на вистински семеен автомобил. Покрај со удобноста што ја има во изобилство обезбедена од пространата кабина и багажникот од 515 литри кој со едноставно спуштање на задната клупа може да се зголеми до 1.652 литри, овој SUV исто така се грижи и за безбедноста на своите патници. Опремен е со иновативни предни ЛЕД светла со адаптивно осветлување, додека за контролата на добро држење и прилепување на патот се грижи IntelliGrip системот со посебни прилагодувања за возењето на кал, песок или снег за возењето да биде побезбедно и порелаксирано. За полесно паркирање пак, задолжена е автоматска помош и камерите со поглед од 360°. Добрата инфо-забава и дигитално поврзување се загарантирани благодарение на најновите инфозабавни системи со големи екрани чувствителни на допир и можност за целосно поврзување со паметни телефони.

Opel Grandland X со своите модерни, динамични линии и off-road изглед по оваа цена е достапен до крајот на јуни или до трошење на количините.

 

клучни зборови: ,