Opel и Vauxhall ја редизајнираа Insignia

Top News Новитети

Opel и Vauxhall ја редизајнираа Insignia

Преку ноќ, без никаква најава, Insignia осамна со изменето лице

Објавено на 4 декември 2019 година

Додека сите наши погледи беа насочени кон лансирањето на новиот субкомпактен модел од семејството на Opel, од Риселсхајм пристигна вест дека Insignia во новата година ќе влезе редизајнирана. Повод беше претстојниот салон на автомобилите во Брисел каде на 10 јануари ќе ја има својата премиера, а причината ни нам докрај не ни е јасна бидејќи и досега знаменосецот на Opel со гордост ја претставуваше марката. Како и да е, тој во идната година ќе влезе со омекнати линии, пред сé на маската покрај која се забележуваат и благо изменетите светла. Централниот отвор за воздух под нив е поширок и опфатен со нови вертикални отвори и кружни светла за магла, со што и браникот добива ревидиран изглед. Мали измени има и назад, додека од внатрешноста нема фотографии. Информациите пласирани од Opel велат за унапреден аудио-забавeн систем и можност за безжично полнење на мобилен телефон, само попат наведувајќи и дека целиот ентериер има посвеж и помодерен изглед. Од опременоста се споменуваат и новите ЛЕД матрикс светла и задна камера, а за промени во механиката нема ниту збор.

клучни зборови: ,