Opel » Дури 8 електрифицирани модели годинава и наредната

Дури 8 електрифицирани модели годинава и наредната

Офанзивата за електрификација на гамата на Opel добива дополнителен интензитет и станува клучен столб на планот на компанијата до 2024 година сите возила да бидат електрифицирани

Објавено на 26 октомври 2019 година

Започната со Corsa и Grandland X Hybrid4, големата офанзива за електрификација на Opel продолжува – оваа и наредната година марката ќе претстави осум електрифицирани возила во сите важни пазарни сегменти. „Ќе ја електрифицираме целата гама до 2024 година“ – рече Михаел Лохшелер, извршниот директор на компанијата од Риселсхајм. Први на списокот ќе бидат електричната верзија на Vivaro и наследникот на Мока X. Ќе сладат Combo и Combo Life, заедно со електричната верзија на Zafira Life кои ќе пристигнат во 2021 година. Битно е и дека електричното портфолио на Opel ќе ја вклучува и електрифицирана верзија на следната генерација на Astra. „Овие производи ќе нè стави во одлична позиција да ги исполниме амбициозните цели за емисиите во Европа“, убеден е Лохшелер, додавајќи: „Електро-мобилноста е неопходна компонента во ова, но нашите модерни и ефикасни мотори со внатрешно согорување и истражувањето на погонот со горивни ќелии исто така ќе дадат важен придонес за да ја направиме нашата компанија одржлива за во иднината“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER