Volkswagen :: Новиот Golf VIII идната година

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Новиот Golf VIII идната година

Volkswagen официјално ја најави осмата генерација на европскиот бестселер кој досега е продаден во повеќе од 35 милиони примероци
Објавено на 19 јануари 2018 година

Volkswagen објави дека производството на осмата генерација на Golf ќе започне кон средината на 2019 година. Golf секако е еден од најзначајните модели во целата автомобилска историја и со право на секоја негова нова генерација ѝ се посветува посебно внимание. Колку посебно говори фактот што во развојниот процес на осмиот по ред Golf се вклучени дури 180 менаџери од Volkswagen групата. Во неговиот развој ќе бидат вложени 2,2 милијарди евра, а унапредените производствени линии во главната фабрика на Volkswagen во Волфсбург ќе имаат капацитет за 2.000 автомобили дневно.

Дизајнерски новата генерација нема да доживее големи промени, туку само козметички за помодерен изглед. Изменети ќе бидат предните и задните светла, а поклопецот на моторот ќе биде поспуштен. Внатрешноста пак ќе добие сосема нов изглед. Дигиталните екрани чувствителни на допир ќе ги заменат скоро сите прекинувачи и преку нив ќе се контролираат сите функции на возилото. Ќе биде поставен на доработена MQB платформа, која ќе му донесе заштеда во тежина од 70 килограми. Освен дизелските и бензински мотори во понуда ќе биде и со блага хибридна погонска група со 48-волтен систем. Ќе биде достапен и како plug-in хибрид, но не и во својата електрична изведба која ќе биде замената со новиот I.D. Секако, нема да изостануваат ниту GTi и R изведбите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER