Новиот BMW X3 се претстави на македонска публика

Четвртата генерација на BMW X3 ја доживеа својата македонска премиера.

Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар, со гордост го претстави новиот BMW X3. Овој модел уште од своите почетоци во 2003 година се одвојуваше во премиум сегментот не само по својата вокација, спортско активно возило, туку и по својата агилност, удобност, дизајн и по напредните технологии што се имплементирани во секоја генерација. Затоа не треба да зачудува фактот што ја надмина бројката од три милиони продадени примероци.

Четвртата генерација ги содржи сите модерни остварувања кои ќе допринесат за уште поголемо задоволство во возењето и престој во возилото. Со новиот дизајнерски јазик BMW X3 добива речиси монолитен изглед. Новиот BMW X3 е 34 милиметри подолг од својот претходник, ширината е зголемена за 29 милиметри, а висината намалена за 25 милиметри.

„Со својата спортска привлечност, впечатлив дизајн и напредни техноглогии, новиот BMW X3 е талентирано, сеопфатно возило за секојдневна употреба, слободни активности и удобни патувања. Новиот дизајнерски јазик на четвртата генерација на BMW X3 му дава импресивна надворешна појава и динамична грациозност.

Висококвалитетните материјали, значително богата стандардна спецификација, напредната дигитализација и новиот BMW iDrive со QuickSelect, заснован врз BMW Оперативен систем 9 го доловуваат премиум амбиентот во прогресивно дизајнираната кабина“, изјави Билјана Колемишвска, одговорна за маркетинг, комуникации и ПР во компанијата М Кар.

Портфолиото на погонски склопови на новиот BMW X3 се состои не само од мошне ефикасни бензински и дизел мотори туку и од plug-in hybrid систем од најновата генерација, што му овозможува на новиот BMW X3 30e xDrive, погонска моќност до 293 kW/398 КС. Новиот BMW X3 е веќе вo продажба и достапни се четири варијанти на моделот почнувајќи од X3 20 xDrive (од 70.890 евра). Следи X3 20d xDrive (од 72.720 евра), X3 30e xDrive (од 81.390 евра), додека врв на понудата е X3 M50 xDrive (од 109.490 евра).

Во почетокот на 2025 во понудата ќе се вклучат посилни шест цилиндерски мотори, а кон крајот на годината BMW ќе го лансира својот електричен iX3 кој ќе биде поставен на платформата Neue Klasse која значајно ќе се разликува од постоечките модели.

Покрај промоцијата на Х3 домаќините нé изненадија со уште еден куриозитет, новата Серија 5 во М изведба. Ова е прв М5 изработен со приклучен хибрид. За него изгледот сам зборува, а неговиот V8 би-турбо засилен со електро-мотор испорачува 727 КС и ги пренесува на сите тркала


За повеќе информации обратете со М Кар, а на линковите можете да ги прочитате и видите нашите импресии од возењето на новиот BMW X3 кои ги направивме пред два месеци во рамките на првите тест возења.

Возевме – BMW X3 20 xDrive

 

Test BMW X3 20 xDrive – Видео

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER