Новата Corsa догодина, се подготвува и електрична верзија

Новата Corsa догодина, се подготвува и електрична верзија

Објавено на 16 февруари 2018 година

После цела година неизвесност, од Opel официјално стига соопштение дека новата генерација на Corsa ќе пристигне во 2019-та, а една година потоа и нејзината електрична верзија. Потврдено е и дека овој модел и понатаму ќе се произведува на истото место – во фабриката на Opel во Сарагоса. Неизвесноста околу овој модел произлезе од преминувањето на Opel под капата на PSA групата, по што Французите веднаш го прекинаа нејзиниот развој кој беше на сам почеток. Причините беа технологиите на General Motors, кои PSA сакаше да ги замени со свои. На тоа се надоврза и планот за преструктуирање на компанијата кој наложуваше големи заштеди и евентуално затворање на одредени производствени капацитети. Меѓу другите на удар се најдоа токму шпанските погони на Opel, на што нормално работниците се спротивставија. Сега, откако е постигнат договор со синдикатот, патот на новите инвестиции потребни за воведување на овој модел во производство се ослободи. Во оваа фабрика уште се произведуваат и Mokka X, Crossland X и Citroen C3 Aircross.

Какво ќе биде новото руво на Corsa не е познато. Овој модел сега е најдобро продаван на Opel и минатата година за него се одлучија 231.000 купувачи. Неговата електрична верзија е доста значајна за иднината на марката, која до 2024 година ќе ги електрифицира сите свои модели. После Corsa се очекуваат уште пет модели на Opel со француски гени. Сегашната генерација на популарниот субкомпакт има платформа која потекнува од заедничкото време на General Motors и Fiat, чии пет изведени верзии во моментов се основа за дури 15 модели на Opel, Fiat, Alfa Romeo и Jeep.

Opel Corsa

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER