Нова недела, нови цени на горивата

Top News Македонија

Нова недела, нови цени на горивата

Објавено на 6 септември 2021 година

Согласно надлежностите, регулаторната комисија за енергетика според утврдениот со закон начин ги пресметува цените на горивата секоја недела, па така според нивната најнова одлука тие од утре се зголемуваат во просек за 1,48%, што преведено во денари значи дека, како ретко кога, сите рамномерно поскапуваат за 1 денар за литар. Така од утре цената на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 72,00, на еуросупер БС-98 74, а на литар еуродизел БС Д-Е V 63,50 денари. До ова е дојдено заради зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период, и тоа кај бензинот во просек за 3,506% и кај дизелот за 3,108%, како и понискиот курс на доларот за 0,724%.