Нова гама Jeep 4xe Plug-in Hybrid

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Пионери во зелената еволуција на Jeep

објавено на 4 ноември 2021

Со Plug-in Hybrid технологијата, Jeep Wrangler, Compass и Renegade 4xe се пионери во зелената еволуција на марката со 80 годишно искуство и лидерство. Моделите од новата гама се поврзани, електрифицирани, забавни за возење и полни со еколошка технологија. Електрифицираните модели на ја носат ознаката 4xe насочено кон постулатите за ефикасност, перформанси и одговорност. Новата гама останува верна на способноста на сите терени, додека во исто време се подобрува искуството на патот со брз одговор и забрзувања. Зголемениот вртежен момент генериран од електричниот погонски систем и моќта возилата да се прилагодат со екстремна прецизност, обезбедува дури и поголема способност на сите четири тркала на секаков терен, за предизвикувачки off-road авантури. Секако, 4xe гамата се залага за одговорност и почит кон околината. Благодарение на електричната Plug-in Hybrid технологија, CO₂ емисиите се пониски од 50 g/km во хибриден режим, а трошоците за одржување се намалени. Но, фокусот на марката Jeep кон одржливоста оди подлабоко од ова и започнува со производствениот циклус дизајниран така да најмалку можно влијае на животната средина.

Однадвор новата Jeep 4xe Plug-in Hybrid гама задржува многу од дизајнот на моделите со мотор со внатрешно согорување, но се издвојува благодарение на впечатливите „електрично сини” детали во дизајнот, како знак за распознавање на моделите. Стандарден носител на новиот курс на Jeep може да биде само новиот Wrangler 4xe Plug-in Hybrid, електрифицираната верзија на легендата на Jeep со најголема способност, како и најмоќна, најефикасна, најодржлива и технички најнапредна досега. Wrangler 4xe Plug-in Hybrid е опремен со два електрични мотогенератори, пакет високонапонски батерии, 2,0 литарски турбо бензински мотор и докажан TorqueFlite осумстепен автоматски менувач. Испорачува до 380 KS комбинирана максимална моќност и вртежен момент од 637 Nm, а неговиот 4х4 погон во целосно електричен режим располага со автономија за да помине 50 km со нула емисија на штетни гасови.

Renegade и Compass 4xe Plug-in Hybrid возилата кои се произведуваат во Италија, се појдовна точка на еволутивниот пат на Jeep кој, преку електрификацијата на гамата, на лидерот му придодава и софистицирани технологии, а притоа ги задржува историските вредности за авантура, автентичност, слобода и страст. И кај двата модела има спрега на 1,3 литарски турбо бензински мотор со електричен мотор кој се наоѓа зад задната оска, а се напојува од батерија од 11,4 kWh што може да се полни додека се вози или преку надворешна единица за полнење во домашни услови, со приклучок и употреба на ефикасен и практичен ѕиден полнач easyWallbox или понапреден Connected Wallbox, како и на јавна станица за полнење. Ефикасниот 1,3 литарски турбо мотор испорачува 130 или 180 KS, плус уште 60 произведени од електричниот мотор, со што се добиваат вкупно 190 или 240 KS.

Промотивно новата Jeep 4xe Plug-in Hybrid гама е достапна и со специјален кредит за хибридни и електрични возила без учество, со 3,75% фиксна каматна стапка и со рок на отплата до 5 години.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER