Човекот и машината стануваат поблиски
Првиот електричен купе крос-овер на Nissan нуди моќни забрзувања, маркантна појава и 500 километри автономија
објавено 16.07.2020
Патот од концепт до реален модел траеше само три години. За тоа време многу работи се случија во Nissan кој беше соочен со непријатности од алчноста и срамното бегање на Карлос Гон па се до соочување со големи невољи со производствените капацитети во Европа. Во сиот тој хаос јапонците успеаа да останат присебни и да ја креираат својата иднина која е во голема мерка посветена на електрификацијата.
Најдобар пример за тоа е Ariya, првенец по многу нешта во Nissan. Базиран е на новата платформа на алијансата наменета на електричните возила, нуди топол амбиент за возачот и патниците, располага со последните технологии за автономно возење и може да помине 500 километри што го прави доверлив партнер за дневна гратска употреба, но и за средно долги патувања. Ariya е првиот продукциски модел што го претставува новиот идентитет на Nissan каде остварувањата на новата ера во автомобилизмот ќе бидат стандардни чинители. Компанијата има стратегија за понатамошно унапредување и подобрување на своите модели во кого е содржана филозофијата за нулата емисија на издувни гасови и нулта смртни случаи во возилата.
Воведувајќи ги трите основни столба на интелигентната мобилност на компанијата (Интелигентна моќ, Интелигентно возење и Интелигентна интеграција) Ariya ја комбинира технологијата на напредно електрично возило со ново ниво на поврзување помеѓу човекот и машината нудејќи потполно ново возачко искуство. Во сличен дух е развиен дизајнот кој е во функција на мноштвото технологии аплицирани во Ariya и, секако, посветен на традиционалниот јапонски футуризам карактеризиран со едноставен, но воедно и моќен изглед проткаен со атрибути што делуваат елегантно, секси и беспрекорно.Кабината е дизајнирана со ефективен пристап каде акцентирани се комфорот и функционалноста. Интериерот наликува на елегантен кафе-салон на вселенски брод давајќи интригантен ефект за разлика од традиционално скроена автомобилска кабина.
Предностите што ги дава целокупната електрична платформа на компанијата овозможи Ariya да понуди една од најпросторна кабина во својата класа. Воедно, тивкиот електричен мотор во комбинација со употреба на материјали што го апсорбираат звукот ветуваат извонредна звучна изолација која на сите внатре им прави релаксирана атмосфера.Уште една новост се однесува на електричниот погон каде во изведбата со два електро-мотори е содржана нај новата технологија за контрола на сите тркала e-4ORCE во чија ознака ”е” ја означува чист погон на струја “4ORCE” се однесува на силатата и моќта на возилото додека бројот 4 означува контрола на сите тркала. Со надгледување и контрола на асилата и сопирањето се добиваат перформанси и стабилност на сите подлоги и сценарија во кои би можела да се ”распее” Ariya. Инженерите до финеси го стокмија функционирањето на контролата и двата електрични мотори за да се добие удобност при возењето и максимално регенерирање на батериите од енергијата на сопирањето.
Во Европа ќе бидат понудени дури пет изведби вклучително верзиите со погон на две и четири тркала. Во основа ќе се нуди со батерии со два капацитети од 63 и 87 kWh, но со различна сила и перформанса на моторите како и автономија. Најмалиот дострел е 380 додека најголемиот изнесува 500 километри. Без разлика дали е моделот со погон на две или на сите тркала, моќноста, перформансите на Ariya и три модуси на возење ќе ја вратат возбудата во секојдневното користење на електро возилата. За да се овозможи уште поголема искористливост Ariya ќе има можност да влече приколка тешка до 1500 килограми.
Верзијата со 63kWh батерија ќе се испорачува со 7,4 kW полнач за домашна употреба додека посилната, со 87kWh ќе има три фазен полнач со моќност од 22kW додека ќе биде поддржано и брзо полнење до 130kW што кај нас е во рамките на научната фантастика.Како што доликува на вака технолошки напредно возило Ariya е опремена со вистинска ризница на конективни и безбедносни технологии што го поддржуваат автономното возење. Ваквиот пристап ја означува новата ера на електрични возила ветувајќи неверојатно возачко и патничко искуство што ги надминува очекувањата.


