Nissan ќе ги продава фабриките во Европа?!

Занимливости Поглед во иднината

Nissan ќе ги продава фабриките во Европа?!

Можеби е Брегзит во прашање, а можеби не, но во Nissan размислуваат за продажба на своите две европски фабрики

Објавено на 28 октомври 2019 година

Според неименувани но добро запознати извори, Nissan испитува дали да ги продаде своите две фабрики во Велика Британија и Шпанија, бидејќи компанијата подготвува план за закрепнување во време кога индустријата прави скап пресврт кон електричните возила. Конечна одлука сé уште нема, но затоа потенцијални купувачи има – нормално од Кина. Јапонскиот производител наводно веќе го проценува нивниот интерес, од што ќе зависи и втората опција – да се задржи една од фабриките. Nissan на овој чекор е присилен заради намалувањето на продажбата во Европа и профитот глобално, кој во првата половина од годината падна на скоро нула. Заради тоа компанијата е приморана да скрати 12.500 работни места ширум светот, насочувајќи го истовремено фокусот на својот домашен пазар, како и на Кина и САД. Причина плус да ги затвори фабриките во Европа е и тоа што трговските бариери со ЕУ паднаа, што ја намалува неопходноста од фабрики во регионот. Јапонскиот производител исто така планира да укине голем број непрофитабилни модели, вклучувајќи го брендот Datsun во целост. Наводно и Nissan Micra е еден од нив.

Nissan годишно на светско ниво продава околу 5,5 милиони автомобили, но од нив само 470.000 во Европа. Компанијата располага со 44 фабрики во 21 земја на сите континенти. Треба да потсетиме и дека Infiniti веќе се повлекува од западноевропскиот пазар.

клучни зборови: