Новата батерија овозможува поминување на повеќе од 1000 километри со едно полнење
Основачот, претседател и извршен директор на NIO, Вилијам Ли, означи нова пресвртница за компанијата возејќи го NIO ET7 со кого помина преку 1.000 километри со едно полнење на батеријата. Докажувајќи ги огромните способности на најновиот пакет батерии со ултра долг домет од 150 kWh на NIO, 14-часовното патување започна во Шангај и заврши во Џиамен, град на југоисточниот брег на Кина.
На Вилијам Ли му се придружија д-р Феи Шен, виш потпретседател на NIO Power и Ченсија Хуанг, генерален директор на Tencent News. Тие на целта пристигнаа со NIO ET7 со искориститени 97% на батеријата и поминати 1.044 километри. Ниските температури, фактор што обично се поврзува со намалените перформанси и досегот на батеријата на електричните возила, не успеаа да го осуетат потфатот. Батеријата на NIO со ултра долг домет од 150 kWh е компатибилна со целата палета на паметни електрични возила на компанијата преку системот за напојување на NIO Power кој може да се полни, надградува и заменува.
Ова е првиот CTP пакет на ќелии со густина на енергија на ќелијата до 360 Wh/kg, што го означува најголемиот капацитет и густина на енергија за масовно произведените пакувања на батерии за автомобили во Кина. Вилијам Ли, основач, претседател и извршен директор на NIO рече: „Завршувањето на овој тест за домет го означува опсегот на паметни ЕВ што надминува 1.000 километри, што дополнително ќе ја промовира трансформацијата на автомобилската индустрија од потрошувачка на бензин во електрична енергија“.
NIO е поборник на замена на бетериите празни со полни на станици специјално изградени за таа намена. Досега NIO има отворено 2.322 Power Swap станици за размена на електрична енергија ширум светот од кои 2.289 во Кина и 33 во Европа. Компанијата додаде дека пред неколку дена е извршена 34 милионита операција за замена на батерии што е еквивалентно на една замена на секои 1,4 секунди.