Honda PCX Hybrid :: Најважниот новитет во мото-индустријата

Најважниот новитет во мото-индустријата

Објавено на 10 јули 2018 година

Honda минатата есен го искористи салонот во Токио за претставување на концепт-скутерот PCX Hybrid, чија ознака кажува сé. Чудно беше дочекан, дури и со неверување, бидејќи хибридната технологија кај скутерите нема што многу да донесе, посебно не кај моделите како што е PCX 125 кој и онака важи за доста штедлив. Но Јапонците не се обесхрабрија и сега ја прикажаа неговата сериска верзија, која скоро идентична со концептот ќе тргне во продажба по цена од 3.900 долари, но само во Јапонија. Плановите се скромни – само две илјади примероци годишно, но и тоа е успех и сосема доволно за да се пофалат дека го имаат единствениот хибриден скутер на светот. Има литиум-јонска батерија која малку го намалува просторот под седиштето и која служи за напојување на модификуваниот електростартер. Заради тоа и PCX Hybrid не може да се движи само на струја, која само во интервал од 4 секунди му помага при забрзувањата на класичниот погонски агрегат. Тој пак е познатиот едноцилиндричен мотор од 124 cm³ со 12 KS и 12 Nm. Електропогонот, за време на тие 4 секунди, му додава 1,9 KS и 4,3 Nm. Декларираната потрошувачка на PCX Hybrid изнесува 1,9 литри на 100 km, што и не е баш некоја заштеда бидејќи обичниот PCX 125 троши 2,1 литар на 100 km.

Сепак, за Honda PCX Hybrid слободно можеме да кажеме дека е најважниот новитет во мото-индустријата во последно време бидејќи отвора едно ново поглавје кое допрва треба да биде испишано.

Honda PCX Hybrid

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER