Распродадено!
Објавено на 20 јули 2019 година
Мотоциклистите со нетрпение ја чекаат пролетта, а дел од нив и есента за кога MV Agusta ја најави сериската верзија на преубавиот MV Agusta Superveloce Ottocento. Тој со својот впечатлив едноок дизајн со жолто светло и асиметричен издувен систем просто го одзема здивот. Трицилиндричниот агрегат и голем дел од механиката се презедени од F3 800, а од него е и резервоарот за гориво, кој место брава има два каиша кои го држат алуминиумското капаче. Високо подигнатиот заден дел со седиште од кожа со дупчиња завршува со минијатурно тркалезно светло. Рамката е алуминиумска, вилушките подесливи а сопирачките пливачки дискови со четирикратни Brembo клешти. Оклопот од јагленородни влакна најверојатно ќе биде заменет со термопластични панели за цената да не отиде до небеса. А таму веќе се перформансите кои ги обезбедуваат 148-те коњи и тежината од 173 килограми. Производството му е ограничено на 300 примероци, сите распородадени по цена од 28.000 евра.
Видео