RAM 1500 :: Модерен каубој (со видео)

Модерен каубој

Во Детроит пикапите беа во фокусот и на најмалиот производител од детроитската тројка
Објавено на 18 јануари 2018 година

За разлика од конкурентите, RAM 1500 и понатаму ја следи конзервативната американска линија. Изгледот не му е толку нападен, а карактеристиките во целост се насочени кон практичноста. Разликите од досегашната генерација се во обработката на деталите – маската му е изведена во нов стил, а внатрешноста е попространа и помодерна. Ергономијата е подобрена, материјалите поквалитетни а опремата побогата. RAM 1500 располага до панорамска камера од 360 степени, Wi-Fi хот-спот и дигитална инструмент табла. За безбедноста се задолжени вообичаените електронски системи, а за погон познатите V6 и V8 мотори. И двата опционално се на располагање со RAM 1500таканаречениот eTorque систем кој хибридно го зголемува вртежниот момент. Тој заедно со подобрената аеродинамика и намалената тежина придонесува и за помала потрошувачка. Гамата на овој значаен модел за Chrysler во блиска иднина ќе биде проширена со дизел мотор и изведба наменета за тешки теренски услови на возење. Се споменува и вистинска хибридна верзија со четирицилиндричен турбо мотор, но таа засега не е потврдена.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER