Mitsubishi го враќа Outlander во Европа

Европскиот колач сé уште е вкусен

Јапонците се премислија – Mitsubishi го го враќа Outlander во Европа. Популарниот кросовер сега ќе доаѓа во своето плаг-ин издание, обновено со низа технички унапредувања. Моделот ќе биде на располагање од првиот квартал идната година ќе има електрична автономија од 86 километри. Европските купувачи ќе имаат можност наново да се запознаат и со неговите добри возни карактеристики на сите терени кои произлегуваат од Super-All Wheel Control погонскиот систем кој вклучува и управлива задна оска.

Погонската група чија основа е 2,4 литарски бензински мотор заедно со двата електромотора располага со вкупно 302 KS кои ќе го забрзаат Mitsubishi Outlander до 100 km/h за 7,9 секунди. Ревидирано е и ослонувањето за повисоко ниво на удобност, а патниците во внатрешноста ќе ги дочекаат инфо-забавен систем со дијагонала од 12,3 инчи развиен во соработка со Yamaha и седишта со греење и вентилирање. Цените не се познати.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER