Париз 2024 – Mini JCW Electric и Aceman (фото-галерија)

Mini со две JCW премиери во Париз

На годинешниот салон на автомобилите во Париз Mini заблеска со две светски премиери. Со електричното издание на John Cooper Works моделите британскиот премиум производителот ја спои силата на иднината со тркачката традиција. Покрај иновативните технологии препознатливите спортски карактеристики се дополнети со подобрена аеродинамика за цел постигнување оптимизирани перформанси, не само во потрошувачката на енергија туку и во чувството во возењето и контролата на агилноста. Прилагодени со секој детаљ за да ги исполнат очекувањата на модерните возачи, тие се придружија на електричното семејство на марката сочинето уште од стандардните Cooper, Aceman  и Countryman. Со овие иновативни модели Mini не само што одбележува нов чекор во својата историја туку ја покажува и посветеноста да ги спои еколошката одржливост со динамичноста на претходниците  со мотори со внатрешно согорување.

И двата електрични модела имаат системски 258 KS кои им обезбедуваат врвни перформанси – кај Cooper забрзување до 100 km/h за 5,9 секунди, додека на поголемиот Aceman му требаат 6,4 секунди. И двата модела имаат максимална брзина лимитирана на 200 km/h. Исти се и батериите од 54,2 kWh кои обезбедуваат автономија од 371 односно 355 km. Се  дополнуваат на 95 kW, за што до 10-80 отсто од капацитетот требаат околу 30 минути. Внатрешноста одразува колорна шема типична за John Cooper Works моделите, со црвени шевови на седиштата. Секако, тука е и неизоставниот тркалезен централен екран со дијаметар од 240 mm кој стана заштитен знак на електричните модели на Mini.

Овие модели од април 2025-та ќе бидат достапни на купувачите во Велика Британија, со почетна цена од 38.420 фунти за Cooper JCW и 1.800 повеќе за Aceman.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER