MINI Electric – Струјата силно дрма

Top News Вести

Популарноста на MINI Electric расте

За една година 11.000 електрични автомобили!

објавено на 30.07.2020

Од лансирањето на првото потполно електрично возило во фабриката во Оксфорд ланскиот јули, па до денеска производството расте. Интересно е што производството се одвива на истата линија со моделите со мотори на внатрешно согорување, а само на островот нарачани се 3.000 примероци. Премиерата се одви по повог 60 годишнината од постоењето на Mini кој од појавувањето во 1959 година ги маѓепса купувачите со неговите мали димензи и агилност кои се покажаа како одлична основа за модерните потреби на возачите. Паралелата што се повлекува не е случајна. Имено Mini го создаде Сер Алек Исигонис во екот на Суецката криза кога имаше сериозен недостаток на нафта. Тогаш сите очекуваа економично возило кое ”нема многу да пие”. Сега има нафта на претек, но свеста на потрошувачите се менува и тие се вртат кон еколошките возила. Ова е втор модел во куќата кој употребува струја. Кратко време по плаг ин хибридот се донесе одлука да започне и со потполно електричниот Mini а двете изведби заедно заземаат 19% од вкупната продажба на глобално ниво, додека една четвртина од нарачките во Обединетото Кралство на Countryman се плаг ин хибриди.  Овие податоци охрабруваат и укажуваат дека потенцијалот за продажба на електричните и плаг ин моделите секојдневно расте.