MG Cyberster – Во Европа поскап за 25.000 евра

MG ја збуни јавноста со објавувањето на цената на атрактивниот Cyberster

Во Велика Британија цената на Cyberster ќе стартува од 55 илјади фунти позиционирајќи го електричниот родстер точно меѓу Porsche 718 и BMW Z4. Оваа цифра за некои изгледа висока бидејќи моделот во Кина каде се произведува се продава за околу 33 илјади фунти.

За други пак тоа е малку бидејќи спортскиот двосед со својот изглед и вратите кои се отвораат нанагоре ќе предизвика секој да ја сврти главата. Ниту перформансите не се за потценување, посебно кај верзијата со два електромотора која е поскапа за само пет илјади фунти. Таа со своите 503 коњски сили распределувани на сите четири тркала до 100 километри на час стигнува за 3,2 секунди. Основната верзија пак располага со 340 коњи и има автономија од преку 500 километри.

Опременоста е повеќе од солидна, а како и кај другите модели на марката безгрижноста на купувачите е покриена со сеопфатна гаранција од 7 години или 130 илјади километри. Но амбициите на компанијата не завршуваат со Cyberster – се подготвува и хиперавтомобил за кој се тврди дека ќе биде способен да забрза до 100 километри на час за импресивни 1,9 секунди. Тоа го овозможува извонредно аеродинамичната каросерија со коефициент на отпор на воздухот од само 0,181.

Силата на четирите електромотори и максималната брзина не се познати, а за запирање ќе се користат падобрани. Иднината на овој концепт останува неизвесна, но јасно е дека шанси за некакво сериско производство скоро и да не постојат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER