Засега само истражување на потенцијалот
После Cyberster, уште еден кинески електричен модел со британско педигре ќе ги провоцира купувачите. Наречен Cyber GTS, овој концепт според одговорните од MG е создаден за да се истражи потенцијалот на марката да создаде нова иднина во електричната ера. Иако тврдат дека е направен без компромиси, тој со основа е Cyberster во купе изведба и ако се појави ќе ги има неговите механички карактеристики и перформанси. Можеби и освен серија пофални зборови со силно значење од MG не се ни потрудија да кажат нето повеќе за него.