Mercedes – S 680 GUARD 4MATIC

насловна Новитети

Тврдина на тркала

Новиот S 680 GUARD 4MATIC е кулминација на девет децениско искуство во служење и заштита

објавено 12. октомври 2021

Државници и бизнис лидери се најчестите клиенти на блиндираната S-Class. Дискрецијата во која работи огранокот на Mercedes за цивилно заштитени возила е голема, така што неможе точно да се знаат деталите за секој клиент од безбедносни причин. Од Баден-Баден порачуваат дека новата S 680 GUARD 4MATIC нуди највисоко ниво на заштита, гарантирајќи дека патниците се покриени по највисоки балистички стандарди во класата VR10! Тоа значи дека не постои по заштитено возило за цивилна употреба. Покрај целосната имуност кон сите типови муниција, дури и панцирна, кабината заштитнички е настроена и при напади со експлозивни средства.

Повторно, од разбирливи причини, не се соопштуваат детали за масивноста на експлозивната направа. Не се пропушта да се напомене дека со систем на вентили се преусмерува силата на експлозијата, па патниците нема да страдаат од притисокот што се произведува при експлозија, таканаречениот „ударен бран“. Покрај дистрибуцијата на силата на сите тркала управувањето има дополнителни адути при несакани ситуации. Како што доликува на намената S 680 GUARD 4MATIC го движи круната на сите мотори произведени во Штутгарт.

V12 би-турбо со 612 коњи и мамутски 830 Nm обезбедува одлични перформанси, а своите услуги ги задоволува со декларирани 19,5 литри супер на 100 километри. Поради големата тежина крајната брзина електронски е ограничена на 190 км/ч. Интериерот е скроен за врвно искуство во кабината. Покрај кроткиот луксуз се потенцира инфозабавниот систем на задните седишта подредени за VIP третман. Прилагодливи во 16 точки, загревани и ладени со функција на масажа даваат ултимативно искуство во патувањето.

Во каталогот наведени се уште 80 ставки за персонализација на внатрешноста која може значително да ја крене основната цена од 457,100 евра. На некои им се допаѓало тоа или не, оваквите возила се неопходни насекаде во секоја држава, па и кај нас. Особено безбедносните протоколи при посета на светски лидери и високо рангирани странски посетители налагаат за превоз да се користат возила со исклучиво високо ниво на балистичка заштита. Тоа не е од чалам туку од потреба.