Mercedes – AMG GT 63 S E Performance

насловна Новитети

Со помош на напонот

Најсилниот сериски произведен модел на AMG  е хибрид

објавено 02. септември 2021

И тоа се случи. Во храмот на набилданите „мечки“ полека, но сигурно се прифаќа електрификацијата. Честа да биде прв перформансен модел со хибридна технологија докажана во Формула 1 му припадна на GT 63 S на чие име се накалеми Е performance.

Со едноставни зборови кажано, на струја може да помине само 12 километри, па јасно е дека хибридизацијата повеќе е наменета на перформансите отколку на екологијата. Параметрите зборуваат сами за себе. Четири литрениот би-турбо бензинец развива 639 КС, 900 Nm и сместен е во предниот дел. Помошта од струјата брои 204 коњи и 340 Nm кои се напојуваат од батерија со високи перформанси од 6.1 kWh, сите сместени на задната оска. Нивната комбинација испорачува 843 коњи и 1.400 Nm!

Тоа овозможува забрзување до 100 км/ч за 2,9, до 200 за помалку од десет секунди а сказалката на брзинометарот е ограничена на 316 км/ч. Многумина поклоници на AMG се противат на сé што не користи погон на бензин, но тоа не го загрижува расководството во Афалтербах. AMG е куќа во која секогаш на прво место биле луксузот и перформансите, па затоа имаат одлично оправдување за понатамошните производи. Тука, осем во хибридизацијата, се гледа следниот можен чекор во електрификацијата, а тоа е „водородизацијата“.