Mercedes – AMG GT

насловна Новитети

Четири врати за „семејно“ тркање

Три години по дебито, Mercedes AMG GT доби верзија со четири врати

објавено 24. јуни 2021

Првично изведен од моделот SLS пленеше со својот изглед и перформанси. Сега каросеријата стана елегантна и спортска и напуштена е основата од претходникот поради поинаков пристап. Имено, новиот дериват е хечбек, има четири врати и се потпира на Е-класата.

Сега GT влегува во втората половина од својот живот со дотерување за сладокусците на перформансите, но и традиционалниот раскош својсвтен за Mercedes. Магичните три букви ја ажурираа оваа изведба. Со потпис на AMG ревидирани се боите на каросеријата, а за верзијата со осум цилиндри следува комбинација која ја леди крвта во жилите, било да се гледа од надвор или од внатре.

Покрај свежите бои, во ентериерот се одликува и новиот волан AMG со поголеми лопатки за менување. Инаку сè останува исто. Инфо-забавниот систем беше ажуриран минатата година. Шасијата профитира од новиот систем на амортизери со одделно контролирани фази на враќање и компресија.

Ова значи дека разликата помеѓу удобно и спортско возење може да се мобилизира со едно притискање на копче и е значително поизразено отколку порано. Свиленкаст мазен 3.0-литарски шест-цилиндричен мотор со хибридизација од 48 волти продолжува да обезбедува погон како кај GT 43 со 367 КС додека преносот на силата на задните или на сите тркала е резервиран за GT 53 со 435 КС.

Наскоро треба да следат V8 варијантите GT 63 и GT 63 S кои веќе се подготвуваат со очекувани 585 и 639 коњи. Најсилна ќе биде хибридната варијанта GT 73e, која го комбинира V8 моторот со хибридна подршка, како што ќе биде случајот на претстојниот C 63. Овој модел треба да има најмалку 800 коњи и да биде светилник за електрификација, иако многумина поклоници на AMG тоа гледаат со скептицизам.