Mercedes-AMG EQE (фото, видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Електрификацијата на AMG продолжува

објавено на 16 февруари 2022

После престижниот EQS, германскиот бренд ја продолжи електрификацијата на AMG со помалиот EQE. Електричниот пандан на Е-класата претставен есенва на салонот на автомобилите во Минхен доби две потентни изведби, и двете со погон на сите четири тркала. Според вообичаената AMG номенклатура се означени со бројките 43 и 53, при што првата значи дека има 476 а втората 626 коњски сили. Ако пак некому ова му е малку на располагање е Dynamic Plus пакетот со кој електричната коњица на AMG-EQE 53 нараснува на 687 грла. Кога ќе тргнат во галоп тие ќе го дотераат до првите сто километри на час за 3,3 секунди и нема да запрат сé до максималните 240. За задоволството притоа да биде комплетно се грижи специјалниот аудио систем кој генерира два типа на звук со кои се комплетира чувството во возењето. Батериите со капацитет од 90,6 киловат-часа се доволни за околу петстотини километри автономија, после што од полнач од 170 киловати за 15 минути ќе извлечат доволно струја за поминување 180 километри.

Како што доликува, сé друго на Mercedes-AMG EQE е филигрански обработено. Ослонувањето може да биде адаптивно воздушно, а на тркалата се поставени специјални Michelin Pilot Sport EV пневматици наменети за перформансни електрични возила. Заради подобри маневарски способности овозможено е управување и на задните тркала. Внатрешноста е хипермодерна, а надворешниот дизајн скоро по ништо не се разликува од стандардните изведби. Кога ќе пристигнат во продажните салони и по која цена, останува мистерија.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER