Меѓународен ван на годината 2019-та се Combo, Partner и Berlingo

Меѓународен ван на годината 2019-та се Combo, Partner и Berlingo

Заедно со своите француски браќа, новиот Opel Combo ја освои титулата меѓународен ван на 2019 година
Објавено на 20 септември 2018 година

Најпосакуваната титула во секторот на лесни комерцијални возила отиде во рацете на Михаел Лохшелер – тој како директор на Opel ја имаше таа чест да ја прими наградата меѓународен ван на 2019 година од рацете на претседателот на жирито Џарлат Свини која новиот Combo ја освои заедно со своите француски браќа Peugeot Partner и Citroen Berlingo. Со 127 бода, 25-те специјализирани новинари членови на жирито од исто толку европски земји го позиционираа новиот доставен играч пред второпласираниот Mercedes Sprinter кој освои 92 бода. Во трката во која учествуваат уште и Ford Transit Connect, Renault Master Z.E. и Ford Transit Courier, новото француско трио успеа да импресионира со високото задоволство при возењето, иновативните системи и економичноста кои одиграа решавачка улога за тоа да ја понесе оваа престижна награда. Жирито исто така ги пофали и бројните системи за помош како што се индикаторот за преоптоварување базиран на сензори и одличната видливост во сите околности потпомогната со втората камера во десниот ретровизор која ја намалува слепата точка на оваа страна од возилото.

Доделувањето на наградата се одржа на салонот за комерцијални возила IAA во Хановер.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER