McLaren Elva » Без покрив, без ветробранско стакло

Без покрив, без ветробранско стакло

Во McLaren пред неколку месеци најавија дека подготвуваат нов модел од својата Ultimate серија, кој сега осамна под името Elva

Објавено на 15 ноември 2019 година

Екстремниот британски хиперавтомобил McLaren Elva нема ниту покрив, ниту ветробранско стакло – не му ни требаат кога го има 815 коњи моќниот V8 мотор. Овој ексклузивен модел пред сé е фокусиран на чисто задоволство во возењето. Задоволство е и само да се гледа, бидејќи го краси флуидна интерпретација на дизајнерскиот речник на McLaren. Исто така, со него се оддава почест и на класичните спортски модели на марката M1A, M1B и M1C од шеесеттите години. Познатиот 4-литарски твин-турбо спарен со седумстепен менувач со двојна спојка го забрзува до 100 km/h за помалку од три секунди, а до 200 за 6,7 секунди. Меѓу другото, McLaren Elva има и нов Active Air Management систем, активен заден спојлер, карбон керамички сопирачки, 8-инчен екран чувствителен на допир и седишта од јагленородни влакна. За помалку алтернативните, ветробранското стакло е опционално.

Овој нов двосед на McLaren ќе биде направен во ограничена серија од 399 примероци, по цена од 1.425.000 фунти. Првите купувачи ќе чекаат на него до крајот на идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER