McLaren 720S Spider (со видео) :: Може и без покрив

Може и без покрив

McLaren го покажа спортскиот 720S во Spider изведба
Објавено на 11 декември 2018 година

Откако лани ја претстави купе изведбата на моделот 720S, McLaren ја подготви и неговата Spider верзија. Неговиот тврд преклоплив покрив од еден карбонски панел може да се симне при брзини до 50 km/h за едвај 11 секунди. Може да се добие и со електрохроматски покрив, кој ја менува својата транспарентност со еден притисок на копче. Треба да се пофали и тоа што во однос на купе верзијата е потежок за само 49 kg. За погон и понатаму е задолжен 4-литарскиот твин-турбо V8 мотор кој нуди 720 KS и 770 Nm. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае само 2,9 секунди, додека за постигнување 200 km/h му требаат 7,9 секунди. Максималната брзина со подигнат покрив изнесува 341, а без него 325 km/h. Дизајнот не е менуван, но затоа Spider изведбата доби нови тркала со десет краци од 19 или 20 инчи. На нив се монтирани Pirelli P Zero пневматици, а кој сака може да го нарача и со тркачките Pirelli P Zero Corsa, без дополнителни трошоци. Цената му е поставена на 237 илјади фунти, а првите испораки се планирани за март 2019-тата.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER