McLaren со 18 нови модели за 6 години
Веќе некое време се зборува, но сега и официјално McLaren потврди
Објавено на 20 март 2019 година
Британскиот производител на суперавтомобили McLaren има намера во наредните шест години да ја прошири својата гама со 18 нови возила. Според шефот на дизајнот Марк Робертс, за мала компанија како што е McLaren тоа е голема работа и уште поголем предизвик. Но побарувачката за возилата од оваа марка постојано расте и потребно е сериозно проширување на гамата. Но пред тоа треба да се зголемат капацитетите, кои во моментов изнесуваат 4.500 автомобили годишно. Тоа нема да биде едноставно, бидејќи е во тесна корелација со технолошките процеси за производство на каросериите од јагленородни влакна. Неа ќе ја имаат и најзначајните од наведените 18 нови модели. Меѓу нив ќе бидат сосема нов електричен суперавтомобил кој е во фаза на тестирања и наследникот на легендарниот P1 за кој е планиран plug-in хибриден погон. Сепак јасно е дека најголем дел од нив ќе бидат специјални изведби и лимитирани серии на постоечките модели. Ако можеби се прашувате, спортско-корисно возило со знакот на McLaren нема да има.