Mazda e-TPV » И електриката дојде на ред

И електриката дојде на ред

За салонот во Токио Mazda го подготвува својот прв електричен автомобил

Објавено на 18 септември 2019 година

Во Mazda се горди на своите иновации кај моторите со внатрешно согорување, но сепак погледот кон иднината го насочуваат преку електричните возила – Јапонците веќе го подготвија своето прво такво кое ќе го покажат на салонот на автомобилите во Токио идниот месец. Неговите прототипи веќе се функционални и се тестираат во каросеријата на новиот CX-30, под ознаката Mazda e-TPV. Портпаролот на компанијата сепак потврди дека концептот што е подготвен за Токио ќе биде сосема нов модел. Како ќе изгледа не се знае, но е познато дека прототипите имаат електромотор од 143 коњски сили и батерии од 35,5 киловат-часа. Иако Mazda, Toyota, Subaru и Suzuki заедно со Denso од 2017 година имаат формирано алијанса за заеднички развој на електричните технологии, овој модел не е вклучен во проектот и е развиен самостојно.

План е електричниот автомобил на Mazda во продажба да се најде при крајот на идната година во Јапонија, Европа и Кина, но не и во САД – за таму се споменува дека ќе биде понудена верзија и со мал ротационен мотор со кој ќе се продолжува автономијата.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER