Maserati MC20 Cabrio

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Прв од својот вид

објавено 22 декември 2021

Со една (пре)кратка вест, Maserati го најави пристигнувањето на отворената верзија на MC20. Прототипот на овој модел е прекриен со камуфлажни фолии со нова колорна шема со мотив на бели облаци на сино небо, со што дизајнерите на Maserati сугерираат дека се работи за кабриолет бидејќи тоа на фотографиите не се гледа. Каросеријата во целост е направена од јагленородни влакна и композитни материјали, исто како и кај купето претставено пред нешто повеќе од една година.

Техничките детали не се објавени, но е познато дека и овој модел ќе биде задвижуван од Nettuno 3.0 твин-турбо V6 моторот способен да развие 630 коњски сили, а се очекува да биде понуден и во електрична варијанта. Датумот кога Maserati ќе започне да прима нарачки за MC20 Cabrio не е најавен, ниту пак неговата цена која се очекува да биде околу 250.000 евра.

 

 

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 90.00 ден
  • еуросупер 98 - 92.00 ден
  • еуродизел Д5 - 90.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER