Новиот електричен кросовер е најмалиот модел на Volvo, доаѓа со две опции на батерии и забрзува до стотка за 3,6 секунди!
Во изложбениот салон на Премиум АГС, увозникот на Volvo за Мекедонија, премиера доживеа најновиот електричен модел малиот, но моќен ЕХ30. Овој кросовер е најмалиот модел на компанијата кој ги задржува сите атрибути на марката. Згора на тоа тој е и најбрзиот модел на Volvo со фантастично забрзување од 3,6 секунди до 100 км/ч.
Судејќи според изгледот ЕХ30 можеби е најсимпатичниот модел што го произведуваат Швеѓаните. Силна страна на скандивскиот дизајн е едноставноста и рационализмот. Volvo го дизајнираше EX30 за да ги минимизира трошоците без да го жртвува врвниот квалитет. Тоа е победнички пристап кој може да направи многу за пласманот на ЕВ дури и кај нас.
Иако е со компактни димензии ЕХ30 нуди полн простор за четири патници по пристапни цени. Во конфигурацијата понудени се три изведби. Основната Single Motor Standard Range има мотор поставен на задната оска силен 200 kW и батерија од 51 киловат часови која овозможува автономија до 400 километри. Со истата сила, но поголема батерија има Single Motor Extended Range верзијата чија батерија од 69 kWh може да обезбеди повеќе од 500 километри возење.
Најсилна е изведбата Dual Motor Performance која ја користи поголемата батерија. Таа има погон на сите тркала со вкупна сила од 422 коњи. Двата мотори, по еден на секоја оска, даваат извонредни перформанси во кои може потенцијалните купувачи да се уверат. Она што уште повеќе изненадува е цената која го руши стереотипит дека електричните возила се скапи. Во зависност на изведбата и опременоста цените се движат од 38 до 52 илјади евра.
Премум АГС ја проследува фабричката гаранција од три години, период во кого е вклучено бесплатно редовно одржување и осум години гаранција на батериите.