Macan доби мотор од Panamera (со видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Macan доби мотор од Panamera

Кога Porsche ја претстави редизајнираната верзија на Macan им остана должен на неговите купувачи
Објавено на 23 декември 2018 година

Најпопуларниот модел на Porsche кој се продава четири пати подобро од 911 беше понуден само со дволитарски турбо мотор со 245 коњски сили. Тогаш заедно со дизелите, од неговата гама ги снема и помоќните агрегати. Сепак беше потребно само малку трпение и два месеца по стартот на продажбата Macan пристигна и во својата S-изведба. Таа го има новиот трилитарски V6 мотор од Cayenne и Panamera кој испорачува 354 коњи. Тие заедно со 7-степената трансмисија и опционалниот Sport Chrono пакет ќе го лансираат до сто на час за 5,1 секунда, што е за 0,3 секунди подобро од претходникот. Максималната брзина остана на истите 254 километри на час.

Буквата S на Macan му донесе пониско ослонување за 15 милиметри и поголеми диск-сопирачки, кои по желба на купувачот можат да бидат карбон-керамички. Дизајнерски од стандардната верзија се разликува единствено по задните светла кои целосно се во ЛЕД технологија, а додадени се и пар техно детали во внатрешноста. За оваа верзија на Macan во Германија треба да се платат само 5.500 илјади евра повеќе – вкупно нешто помалку од 65 илјади. Porsche повторно не соопшти кога и кои други негови изведби ќе бидат понудени. Претходниот модел се продаваше со 5 бензински мотори, од кои најсилниот имаше 440 коњски сили.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER