Linx Adventures – увозник за Stels

Вести Македонија

Без ограничувања во забавата!

објавено 07 октомври 2020

Новоформираната Линкс Адвенчрс е мала, но амбициозна компанија чија мисија е да ги популаризира рекреативните возила. Земајќи ги во предвид високите потенцијали што ги има Македонија за искористливост на возилата за сите терени од една, и куповната моќ на пазарот од друга страна изборот падна на програмата на Stels, руски производител кој во голема мерка ги користи ресурсите од етаблираните светски производители на мотори и менувачи а ја имплементира прочуената робусност и издржливост на руските возила. Така е створен моделот Guepard кој ниту во дизајнот, ниту во проодноста не заостанува зад западните етаблирани марки. Првично е понудена верзијата со мотор од 850 ццм и 69 КС со автоматски CVT менувач. Што се однесува до опременоста сите неопходни елементи се присутни за непречено форсирање во дивината од заштитен кафез, хидраулични диск сопирачки на секое тркало, чекрк, метална заштита на подвозје а промотивен подарок е куфер кој е дел од дополнителната опрема. Обезбеден е сервис и гаранција во траење од две години.